Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден преку лајвстрим се јави од Москва, после американските избори, и притоа даде оценка дека луѓето не треба работите да ги набљудуваат во контекст на едни избори или едно лице туку иднината да ја земат во свои раце, пренесе „Раша тудеј“.1-сноуден

– Не можеме да се надеваме на некој Обама или да се плашиме од некој Трамп, тоа е нешто што самите треба да го градиме, рече Сноуден, оценувајќи дека луѓето самите треба да ги креираат позитивните општествени промени.

Сноуден, поранешен соработник на американската Национална безбедносна агенција (НСА), кој побегна од САД откако обелодени доверливи документи за американската глобална програма за следење и привремено засолниште најде во Русија, не сакаше да влегува во дискусија за конкретната победа на Трамп  и за тоа како таа ќе влијае врз НСА, кажувајќи дека тука не станува збор за едни избори или за едно лице.

Тој потсети дека американскиот претседател во заминување, Барак Обама, не ги исполни ветувањата за завршување на масовниот надзор или за затворање на Гвантанамо беј, заклучувајќи дека не треба да се имаат премногу надежи или премногу да се плашат од едно лице, туку дека на сите е заедно да ги градат промените.

Слични содржини