Со 2 часа задоцнување сепак почна состанокот на Централното претседателство на ДУИ

од desk2

Иако закажана за пред два часа, дебатата во седиштето на ДУИ само што започна, информира Телевизија 24. Како што велат од кабинетот на Али Ахмети, досега лидерот на партијата оддржувал внатрешни консултации, неофицијално со потпретседателите на партијата.  Мнозинството од потпретседателите на ДУИ се против коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Тројца од четворицата синоќа и беа делегирани од Али Ахмети на последни консултации во паралелните преговори со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да ја чујат конечната понуда од Заев во однос на нивната платформа и на условите за кои ДУИ вели дека нема компромис. Крилото кое што е блиску до Али Ахмети и кое што инсистира ДУИ да продолжи со коалицијата со Никола Груевски, неофицијално вели дека еден од аргументите кој што го ставиле на маса е тоа дека без ВМРО ДПМНЕ нема стабилна влада и дека ако ВМРО ДПМНЕ е во опозиција нема да се донесе законот за албански јазик ниту да се исплни платформата бидејќи во тој случај ВМРО ДПМНЕ би правело опструкции во собранието. Огранокот пак кој што инсистира дека е време ДУИ да направи промени и дека гласачите на изборите тоа го побарале велат дека доколку ДУИ коалицира повторно со ВМРО ДПМНЕ тоа ќе значи и почеток на крајот на партијата кој што ќе се случи на локалните избори./Телевизија 24

Слични содржини