Со автентичен и современи фолклор, бугарското претседателство стартува денеска

од Vladimir Zorba

Церемонијата на отворање на бугарското претседателство ќе се одржи денеска.


Во културната програма на церемонијата на отворањето на бугарското претседателство се вклучени изведби на автентични фолклорни песни и композиции, древни црковни песни, народни танци и ритми со современи звуци. Тоа е закажано денеска  11 јануари 2018 година, во 19 часот во Националниот театар Иван Вазов.
Церемонијата ќе биде отворена со исполнување на химната на Република Бугарија од Детскиот хор на Бугарското национално радио. Ќе го следат воведниот зборови од министерот за Бугарското претседателство Лилјана Павлова и говори на претседателот на Република Бугарија Румен Радев, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов. По панелот со говорите Детскиот хор ќе исполни и химната на
Европската унија.
На 12 јануари членовите на Европската комисија ќе учествуваат во средби со министрите од бугарската влада, на кои ќе разговараат главните приоритети на претседателството, меѓу кои: надворешни работи, безбедност и одбрана, миграција и правдата; инклузивна и стабилна Европа,  блиска до граѓаните; конкурентна, иновативна и дигитална Европа. По дискусиите ќе се одржи заедничка седница на колегиумот на комесарите и бугарската влада со учество на претседателот на
Европската комисија, Жан-Клод Јункер и премиерот Бојко Борисов. Претседателот Јункер и премиерот Борисов ќе дадат и прес конференција за медиумите.
Програмата на претседателот Јункер вклучува и посебни состаноци со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на националното собрание Цвета Карајанчева и премиерот Бојко Борисов. Колегите на комесари ќе се сретнат и со Конференцијата на претседатели на националното собрание.

Слични содржини