Природата сама создала голем број видови храна, со кои може да се намали крвниот притисок, тврдат кардиолозите.Blueberies

Вистински чуда прават темните боровинки, кои се полни со витамин Ц и антиоксиданси. Токму такви супстанции му недостасуваат на организмот при стрес.

Млекото е уште еден антистрес производ. Тоа ги смирува нервите и е дополнителен извор на енергија.

Друг прехранбен производ против стресот се бадемите, кои се вреден извор на витамини Б2 и Е. А овие два витамини го засилуваат имунолошкиот систем кој при стрес станува премногу активен. Затоа бадемите овозможуваат човек да се опушти.

Експертите препорачуваат исто редовно консумирање на портокали – било како плод, било како сок. Овој плод е вистинско наоѓалиште на витамин Ц, кој моментално го намалува стресното ниво.

Слични содржини