Со два гола Себалос му донесе победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Алавес

од Vladimir Zorba

– Даниел Себалос му донесе победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Алавес, благодарение на неговите два погодока.

Во дуелот од 6. коло на шпанската Примера, актуелниот шампион Реал Мадрид повторно се покажа неубедлив, но овојпат успеа да стигне до трите бодови. „Кралевите“ забележаа победа со 2-1 благодарение на двата гола на Себалос во 10-та и 43-та минута. Голот за Алавес го постигна Ману Гарсија 40-та минута.

За „Кралевите“ ова е само трета победа во Примера сезонава, во која веќе имаат два нерешени резултати, како и пораз во минатото коло од Бетис.

Во исчекување на останатите резултати Реал со 11 бодови моментно е на четвртото место на табелата.

Од водечката тројка, попладнево Атлетико Мадрид ја победи Севиља со 2-0, а лидерот Барселона вечерва гостува кај Џирона.

Слични содржини