Грчкиот  изборен систем е доста различен од другите во регионот и вклучува и правила за спроведување на референдуми. КАј  нашиот јужен сосед нема воведено цензус  за минимален број гласае за да се официјализра референдумот.Затоа референдумите немаат обврзувачки карактер, односно народната  анкетата е спроведена, само за да се наместат  часовниците и да се види каква е волјата на луѓето.

20150704.ndvfgzvbpy

Токму овој факт е клучен и ќе има  многу толкувања во едната и во другата насока, откакоќе  станат јасни резултатите од референдумот во Грција , објаснува ТВ Европа.

“Треба ли предлогот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за време на средбата на Еврогрупата на 25 јуни 2015 година, кој содржи два дела, заедно нивната севкупна понуда да бидат  прифатени? “

– Тоа е прашањето, на кој во неделата Грците треба да дадат одговор “да” или “не”. На сите им е јасно дека самото  прашање речиси целосно  го обезначува  референдумот. На оваа тема веќе се произнесоа голем број европски институции, меѓу кои и Советот на Европа. Тие се категорични дека не може да се прашуваат луѓето за такво  специфично финансиско прашања, уште повеќе, дека обичните Грци не го  виделе предлогот на доверителите од 25 јуни. А уште повеќе апсурден е фактот дека тоа веќе не е валидно.

Клучено е  и прашањето – кој ќе има право да гласа на референдумот во Грција на 5 јули? Изборниот систем во нашиот јужен сосед е доста специфичнен  и бидејќи народното анкетирање беше организирана само за една  недела, голем дел од луѓето може и да не успеат да го дадат својот глас. Во Грција граѓаните имаат право да гласаат во населеното место каде се родени, а не по постојана адреса. За секој поединечно  гласање тие треба да изјават дека ќе го искористат своето право на глас во друг град, но за недела едвај многу успеале да го сторат тоа. Покрај тоа, Грците, кои на денот на референдумот се надвор од земјата, немаат право да учествуваат, бидејќи не се отвораатв  секциите во странство. По сето кажано до тука, треба да се нагласи уште еден факт, имено, дека во Грција гласањето е задолжително , но од 2001 – та година наваму санкциите  не се применуваат и се повеќе симболични.

Инаку во Законот беше предвидено дека при неискористување на  правото на глас државата има право да одбие  да му издаде на човекот пасош, возачка дозвола или дури да го сатви  во затвор. Специјалистите очекуваат активност блиска до онаа на последните парламентарни избори од 25 јануари, т.е. околу 63%. Засега преовладуваат мислењата дека нема да има категоричен одговор “да” или “не” на референдумот и тоа се потврдува и од анкетите кои даваат блиски резултати, но сепак предност  е на позитивниот одговор “да”. Каков и да е исходот од референдумот сепак тој не може да и  даде на властите во Грција рецепт како да извлечат земјата од банкрот, забележува ТВ Европа

Слични содржини