Ноќеска околу 03.45 часот во Скопје, на ул. „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител, од возило во движење, со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на А.И. (21).

Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра.  Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема.

Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини