Врз МАкедонија  имаше деспотско владеење со безмилосно трошење на народните пари

Аналитичарот Ѓорѓи Спасов во синиќешната дебатната емисија „Клил – Плус„ на ТВ21 рече дека со откочувањето на процесот за состав на нова влада почна да издишува  еден огромен пропаганден балон, кој постојано сееше страв

„Се доведовме во ситуација во Македонија 11 години да владее еден човек кој што реално во политиката се однесуваше како ориентален деспот. Тој со примена на сите деспотски методи на владеење, како пијан коцкар кој што позајмува пари секогаш кога му требаа се претставуваше како ексцентричен милионер кој што ги трошеше тие пари безмилосно на некакви споменици и барокни фасади“, рече аналитичарот Спасов.

Исмет Рамадани потенцира дека очекува брза покана за членство во НАТО.

„Моите информации кажуваат дека има опипливи индикации, кои велат дека можеме да бидеме прифатени, односно да ја добиеме поканата за членство во НАТО. Мислам дека тоа ќе се случи брзо“, рече Рамадани во емисијата на ТВ21

Слични содржини