Со месеци се бори со ракот: Оливер Драгојевиќ ги откажа сите концерти

од desk2

Познатиот хрватски музичар денеска одбележува роденден, но беше принуден да ги откаже настапите пред сплитската публика, кои беа закажани за следната недела.

„Оливер Драгојевиќ мораше поради здравствени причини да ги откаже сплитските концерти, на кои им се радуваше. Оливер, како што е запонзата јавноста, веќе со месеци се бори со тешка болест“, пишува во соопштението на неговата издавачка куќа.

Концертите под наслов „Оливеровите 70“ во Загребската филхармонија, кои се планирани за 15 и 16 декември и во слпитска Спаладиум арена, откажани се до завршување на лекувањето.

„На Оливер му е тешко што мора да ја разочара публиката, но веруваме во позитивен исход и нови концерти“, соопштено е од неговиот тим.

Слични содржини