Со метална шипка му нанеле тешки повреди

од Vladimir Zorba

Утрово околу 01:35 часот во Куманово на ул. „Перо Чичо“, Б.С.(23) од Куманово, при влегување во своето возило бил физички нападнат од неколку непознати лица со фантомки на главите, кои со метална шипка го скршиле задното ветробранско стакло од возилото, по што на Б.С. му нанеле тешки телесни повреди–скршеница на лакт на рака и повреди во пределот на главата и ногата, кои биле констатирани од страна на лекар во Општата Болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Слични содржини