Со пепелник го удрил кај окото во скопски ресторан

од desk2

Во средата попладне се степале шест лица при што едниот завршил со повреда откако кон него фрлиле пепелник.


Имено, околу 16 часот во ресторан на ул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје настанала тепачка помеѓу шест непознати лица.

Во тепачката едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето Н.Н. (22) од Скопје во пределот на десното око.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде бил препратен во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини