Со пиштол ограбил бензинска пумпа во Виница

од desk2

Ограбена бензинска пумпа во Виница. Како што соопштуваат од полицијата, вчера околу 03.00 часот на бензиска пумпа „ЕЛ-ГО“, на место викано „Липечко поле“, во Виница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот.

Сторителот со закана со пиштол одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот.

СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини