helsinski_4

Претседателот со помилувањата ги пречекори своите уставни и законски ингеренции, пишува во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Со ова, претседателот направи кривично дело злоупотреба на службена положба од член 353 од кривичниот законик, пишува Хелсиншки. Ставот и одлуките за помилување ги донел без законски основ, со оглед на фактот што член 11 од законот за помилување, на кој тој се повикува, е укинат и не е составен дел од правниот поредок во Македонија.

Претседателот суштински и фактички за себе узурпираше овластување за една групна и колективна амнестија, за голем број кривични дела, со што упадна во овластувањето, кое што Уставот заради сериозноста, го предвидува како ексклузивно право на Собранието. Со тоа претседателот се стави над правото, над Парламентот и над политичкиот договор од Пржино, со што суштински ги укина овластувањата на Специјалното јавно обвинителство,  пишува во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет.

Слични содржини