Со помош од граѓаните уапсени се тројцата насилници од 27 април

од desk4

По објавувањето на фотографиите на интернет-страницата на МВР, трите лица што беа барани поради учество во насилствата во Собранието од 27 април, се уапсени, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

„Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани, со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода“, стои во соопштението.

Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично-правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени во согласност со член 277 од Законот за кривична постапка, по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Синоќа по наредба на обвинителството беа уапсени пет лица поради учество во насилствата од 27 април и за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Слични содржини