На крајот на месец мај насекаде околу нас гледаме млади дами и господа со убави фустани, сјајни автомобили, подигнато расположение и силни емоции. Матурантските вечери се во полн замав.4844810

Со месеци матурантите се подготвуваат за овие неколку часа, во кои ќе бидат центар на внимание. Фризури, шминка, пребарување на фустани, спорт и внимание на храната се само мал дел од подготовките.

Како што рековме храната, бидејќи речиси секој матурант почитува некаков режим на исхрана, за да биде во импресивна форма на матурската.

foodpanda, спроведе истражување што консумираат тие. Еве и некои заклучоци.

15% од момчињата почитуваат исхрана, за да изгледаат добро во денот. За сметка на девојчињата, каде процентот е 68. Женскиот пол, сепак се искушува почесто да јаде чоколадо и тесто. 25%, велат дека барем еднаш ја прекршуваат својата диета. Момчињата се построги.

45% од анкетираните матуранти се хранат само внимателно, а остатокот почитува специјално изготвена програма. 8% од испитаниците се вегетаријанци, а 3% вегани.

Посилниот пол става акцент на месо, риба, млечни производи. Дамите се хранат главно со модерните за нашето време семиња- киноа, чија и салати. Неколку од матурантите споделија дека почитуваат високо масна диета и се хранат со храна богата со масти. 40% велат дека на денот на матурската имаат тенденција да јадат многу и да престанат со диетата.

Слични содржини