Со условни казни ослободени деветтемината обвинети за насилствата во Собранието

од Vladimir Zorba

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1 добија условни казни, откако ја признаа вината, за да добијат поблаги казни. Тие беа обвинети за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност.

Сите, освен Димче Христовски – Жабата, добија условни казни од 6 месеци затвор ако го повторат делото во рок од една година. Христовски доби условна казна затвор од година ипол, а периодот во кој не смее да го повтори делото е пет години.

Христовски има криминално досие – бил казнет со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.

На 27 април во Собранието група граѓани од протестот организран од „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието при што повредија неколку пратеници, а повредени беа и новинари и граѓани./META

Слични содржини