Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва во Битола одржа собир на кој учесниците изразија поддршка за одржување избори на 5 јуни и ставање крај на политичката криза.

gdom

Собирот почна од пред Офицерскиот дом, а заврши на плоштадот „Магнолија“ во Битола. На учесниците им се обрати познатиот битолски и македонски поп-музичар Раде Стаматов, член на некогашната група „Гром“, кој сега живее и работи во Лондон.

– Како музичар и уметник, свирам и пеам на македонски низ целиот свет. Ја афирмирам Македонија насекаде, а во Лондон ме препознаваат како Македонец. Загрижен сум од ова што тука се случува и за мене е несфатливо. Македонскиот народ не смее да биде разединет, туку обединет. Запознат сум со состојбите во нашата држава и затоа порачувам – избори, истакна Стаматов./МИА

Слични содржини