timthumb

Поранешниот претседател, а потоа член на Советот на јавни обвинители Костадин Кизов, инаку пензионер е награден од Комисијата за избори и именувања која го предложи за член на Судскиот совет.

Правни експерти за Сведок велат дека Кизовски по никој основ не може да биде избран за член на Советот, бидејќи тој е веќе пензиониран. Ова решение е објавено во Службен весник.

Во месец јули, Советот на јавни обвинители, каде што Кизов досега членуваше, донесе решение дека Кизов се разрешува од функцијата поради пензионирање, со што му престанува работниот однос заклучно со 31.08.2016 година.

Кизов, доколку биде избран за член на Судскиот совет, на таа функција може да остане само до 13 август.

Кизов, објави Сведок, е роден на 13 август 1952 година, и со навршени 64 години, според Решението на СЈОРМ, треба да замине во пензија, заедно со група од десетина обвинители од Скопје, Битола, Ресен, Кичево, Тетово, кои поради навршени 64 години одат во пензија.

Советот на обвинители, и покрај негативното мислење во автентичното мислење на Законодавно правната комисија, одлучи да не ги продолжува мандатите на обвинителите по 64 години како до сега, со образложение дека тие немале работодавеч кому би ги доставувале барањата за продолжување со работа до 67 години, како што пропишал Законот за работни односи. Дел од обвинителите ќе ги обжалат решенијата, тврдејќи дека ова значи кршење на законот./извор а1он
sovet kizov

Слични содржини