Собранието попладне треба да гласа за разрешување на Зврлевски

од desk2

Собранието денеска треба да одржи продолженија на три седници меѓу кои и на шестата седница на која се очекува да се гласа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски откако вчера заврши расправата по оваа точка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска претпладне ја закажа осмата седница на која на дневен ред е изборот на заменици на генерален секретар, точка која предизвика противење на опозицијата.

Според информации од Собранието, можно е поради обврски на собранискиот спикер оваа седница да биде презакажана за подоцна.

По завршувањето на седницата, ќе продолжи шестата седницата на која пратениците ќе гласаат за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Според информациите седницата е закажана за попладне да се вратат дел од пратениците од мнозинството кои не се во земјава. Тие добиле и партиски директиви утре попладне задолжително да се појават во Собрание.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ веќе се изјаснија дека нема да учествуваат на, како што рекоа, незаконска дебата за незаконско разрешување и ја напуштија дебатата.

За да помине предлогот потребно е 61 пратеник да гласа „ЗА“. Од опозициската „Беса“ неколкупати кажаа дека и тие се за разрешување на Зврлевски./24 Вести

Слични содржини