Собранието, СЈО и државата

од Vladimir Zorba
Кога СЈО даде на знаење дека нема да биде под контрола на контролираниот обвинителски систем на Зврлевски, Илиевски и Аневски, туку врвот на власта го осомничи како злосторничко здружение, Груевски посегна по анатемата „Ванхојтевци-Катици“, означувајќи го СЈО како непријател на државата. Така се постави линија на разграничување меѓу страна на правдата, на прогон на криминалот, и страна на криминалот.
dimitar_dimitrov
Таа линија го легитимира криминалот, ја делегитимира правдата! Има многу иронија и релативизам во оваа поларизација. Тука се контурите на две Македонии – една уставна и една андерграунд Македонија.
Зад првата стои СЈО, граѓанскиот сектор, опозицијата и меѓународната заедница.
Зад втората стои владејачката коалиција и институциите на државата (правосудниот систем, Собранието и Претседателот на РМ). Оваа драма по Јонеско јасно ја илустрира случајот со екс-функционери на кои СЈО им подготвува заштита со затворски чувари, а МВР им става на располагање скапо, деноноќно лично обезбедување! Додека тие јавно го кодошат СЈО како алатка на СДСМ што произволно лиферува обвиненија кои нема да дочекаат судска завршница. Кај судот под раководство на Панчевски – копија на судот под раководство на Маневски од времето на монизмот.
За оваа институционална конфузија најголема одговорност сноси Собранието. Во контекст на мерките за излез од нашата криминално-политичка и човечка криза, тоа не дејствува со капацитет на законодавен дом, туку како дел подреден на делот осомничен како злосторничко здружение. Осомничениот екс-премиер како топка ја шутна собраниската анкетна комисија за прислушувањето, а „расправата“ во Собранието ја операционализира неговата анатема „Ванхојтевци- Катици“.
Стратегијата за собрание како празен ходник, низ кој брзо и непречено ќе поминува волјата на лидерот, беше обзнанета на предвремените избори 2оо8, кога Груевски побара 62 пратеника за да не му прави проблеми Собранието Стратегијата за собрание како празен ходник, низ кој брзо и непречено ќе поминува волјата на лидерот, беше обзнанета на предвремените избори 2оо8, кога Груевски побара 62 пратеника за да не му прави проблеми Собранието.

Кога на таа антидијалошка/антипарламентарна стратегија и` се испречи опозицијата, таа беше насилно исфрлена. Егзекутор беше собранискиот спикер, кој и сега е на таа функција. До него е пратеник чиј глас го слушнавме на снимките од масовното прислушување како порачува од Аџиев лустрација на судија, зашто им „пречел“. На Собранието сведено на парламентарното мнозинство, со парламентарно мнозинство составено од партиски пленици, објективно не му е толку проблем СЈО, колку лидерите на владејачките партии. А тоа самото е проблем на државата. Затоа СЈО не може да смета на добар пречек на таа врата. Од друга страна, опструкциите што му ги прави власта заталкана вон Уставот, е големо признание дека е на добар пат, комплементарно со поддршката од јавноста.
За догледно време неговата мисија ќе жнее успеси како морален и прометејски чин, наспроти пропагандата на непосредните партиски и на медиумските лилјаци. Се` потешко ќе биде да се крие криминалот и да се штитат криминалците. И тогаш позицијата на СЈО нужно ќе прерасне во позиција на цел автономен правосуден систем на државата. А саботерите на СЈО ќе останат посрамени во историјата. Како што останаа саботерите на либерализмот.

Колумната на Димитар Димитров во целост прочитајте ја тука

Слични содржини