Собраниската комисија ја продолжува расправата за ребалансот на буџетот

од desk2

Комисијаата за финансирање и буџет денеска во 11 часот треба да продолжи расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Втора точка на дневен ред на Комисијата е предлогот за дополнување на Законот за извршување на буџетот за 2017 година, по скратена постапка.

За денеска во 12 часот е закажана и седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, на која единствена точка на дневен ред е предлогот за дополнување на Законот за исплата на платите, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Љубен Арнаудов, Крсто Јовановски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Драган Данев, Јусуф Хасани и Лилјана Затуроска./Мета

Слични содржини