Софија Ричи прошета во тренерки низ Лос Анџелес

од Vladimir Zorba

Папараци ја уловија Софија Ричи како се шета по улиците на Лос Анџелес. Поранешната девојка на Бибер и ќерка на Лајонел Ричи избрала спортска опрема на популарен бренд во бордо боја.

Ричи беше фотографирана не после тренинг, туку по обилен ручек во локален ресторан.

Од нодамна Софија останува настрана од првите позиции во медиумите, каде беше секогаш до пред неколку месеци. Блондинката беше следена под лупа во летото минатата година, кога беше заедно со канадскиот пејач. Тогаш двајцата беа снимени за време на одмор во Мексико, но нивната врска не успеа да издржи.

Поради Софија Ричи, Бибер се скара со неговата поранешна девојка Селена Гомез, а потоа го избриша профилот на Instagram.

Слични содржини