Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.

zesko-1024x576

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во недела во поголем дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.

Слични содржини