Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец.

zesko vreme

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 31 до 37 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена, а во дојранскиот регион утринската ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови па се до среда, нашево подрачје ќе биде под влијание на стабилна и топла воздушна маса која ќе предизвика претежно сончево и доста топло време. Особено топло за овој период  ќе биде времето во северните и североисточните делови на земјава.

Од среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со локален дожд,  ретки грмежи и благ пад на температурата на воздухот.

Слични содржини