Во земјава преовладува сончево со мала до умерена облачност, а во некои места на крајниот југ и запад се уште има зголемена облачност. Дува слаб ветер од променлив правец.   

парк

Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови можен е слаб локален дожд.  Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

 Во Скопје: Сончево со умерена облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне околу 12  степена.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  45 Маврови Анови, 35 Лазарополе, 2 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):  6 Маврово, 3 Пожаране, 2 Битола, Гевгелија, Тетово, Крушево и 1 во Скопје и Куманово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ  -1 Маврово и Берово, 0 Лазарополе, 1 Крушево, 2 Скопје – Петровец, К. Паланка, 3 Дебар, 4 Штип, Прилеп, Струмица, Тетово, Претор, 5 Охрид, Куманово, Д. Капија, 6 Скопје – З. Рид и Карпош, Битола, 7 Гевгелија, Виница, 9 Дојран.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Утре ќе биде умерено до значително со услови за слаб локален дожд, особено претпладне и околу пладне. Попладне облачноста ќе се намали. Во понеделник има преодно стабилизирање на времето, а во вторник ќе има брз продор од север со засилен северен, повремен локален дожд (особено на север) и опаѓање на дневната температура на воздухот за околу 5 степени.

 

Слични содржини