Соња Верушевска и Бранко Палифров, обвинети во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство против највисоки државни функционери ќе се бранат од слобода.
115835
“Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите Бранко Палифров и Соња Верушевска, кои се дел од предметот КОК. Бр. 77/15, поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор односно мерката куќен притвор и замена на истата со друга мерка за обезбедување присуство за водење на кривична постапка.
Воедно советот го прифати и предлогот на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за укинување на мерката притвор за двјацата обвинети и определување гаранција и мерки за претпазливост.
Со тоа мерката притвор на обвинетиот Бранко Палифров од Струмица определна со решение на судија на претходна постапка од 31.01.2015 година, а продолжувана со решенија на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корпуција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство спрема претставници на највисоки државни органи од чл. 311 в.в со чл.24 од КЗ; и мерката куќен притвор на обвинетата Соња Верушевска од Скопје определена со решение на Апелациониот суд од 24.07.2015 година поради основано сомение дека сторила кривично дело – Шпионажа од чл. 316 ст.4 в.в со чл 24 се укинуваат.
Се определува гаранција за двајцата обвиени во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им се орпеделува мерка за претпазливост односно одземање на патните исправи за преминување на државната граница.
По правосилноста на ова решение, се наложува на Агенцијата за катастар на недвижности да стави хипотека на недвижниот имот даден како гаранција , а по запишување на имотот, двајцата обвинети да бидат пуштени да се бранат од слобода.”- наведува кривичниот суд.

Слични содржини