Исплатата на плати на наставниците доцни поради промените во платните списоци, откако беше договорено на штрајкувачите да не им се одбива од дневниците, вели претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (ОНК, Јаким Неделков, за тврдењата дека не им се исплатени плати само на оние наставници кои штрајкуваа.

shtrajk-sonk_0

„Не се работи за селективно пуштање на платите, ниту пак некој што safeimage1штрајкува ќе биде казнет, па ќе му се пушти плата подоцна. Се работи за процедура којашто доцнеше поради промена на платните списоци.Значи согласно она што беше упатство од МОН, училиштата што беа во штрајк требаше да направат платни списоци каде што мораше да се направи корекција, бидејќи во претходните беа одбиени деновите за штрајк, а исто така од јануари требаше да им се одбие од платите на оние наставници коишто беа казнети согласно резултатите од екстерното тестирање. Ние во текот на преговорите успеавме да ги симнеме казните по основ на екстерното тестирање и да договориме да нема одбивање од платите по основ на штрајк. Според тоа платните списоци мораше да се преработат. Веднаш по потпишувањето на спогодбата од 3 февруари почна и процесот на корегирање на тие платни списоци, па автоматски за неколку дена се одложи процесот на исплата на плати.За жал системот на пуштање на плати е таков, се’ додека и последното училиште не достави соодветна документација, не може да се исплатат плати на национално ниво“, образложи првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Слични содржини