Сообраќајки, апсења, измамници, крадење пари од туѓи сметки од банкомат, кривична за малолетничка за кражба

од desk3

policija-11
На 27.10.2016 година околу 23.40 часот на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, во близина на крстосницата за с.Николиќ, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Голф 3“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (41) од с.Фурка, дојранско, удрило во ТМВ влекач „Сканија“ со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.М. (61) од с.Стојаково. Во незгодата на самото место починал Д.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гевгелија. Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. Сообраќајот бил во прекин од 00.00 до 02.30 часот.

На 27.10.2016 година во 06.30 часот на ГП „Деве Баир“, при пасошка контрола, било костатирано дека на патната исправа на лицето B.H. (31) од Р.Албанија недостасуваат неколку страници. По извршени дополнителни проверки утврдено било дека истиот има забрана за влез во ЕУ. Истиот е приведен и во 08.00 часот, со Потврда за предавање на лице, бил предаден на полициски службеници од ПС Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 28.10.2016 година во 03.05 часот во Битола, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, од страна на полиициски службеник од ОКП-ОНТДО од слобода бил лишен К.Л.С.(25) од САД. Од истиот било одземено едн најлонско пакување со непозната прашкаста материја. Истиот е задржан во ПС ОН Битола за понатамошна постапка.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ц. (51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Т.Ѓ. (62) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2014 година Б.Ц. го повикал оштетениот З.Ј., од кого претходно имал позајмено пари, при што му рекол дека позајмицата ќе му биде вратена ако му даде нова позајмица на неговиот партнер Т.Ѓ.. По ова З.Ј. се согласил и му позајмил 3.000 евра за да може Т.Ѓ. да плати трошоци во корист на „Еко Баланс“, каде бил управител, за купена стока од Р. Србија. Откако му ги дал средствата му било кажано дека наместо 5% данок требало да плати 18%, заради што дополнително му дал уште 4.000 евра. Откако пријавените успеале да му земат 7.000 евра побарале уште 3000 евра за некои дополнителни трошоци по што З.Ј. им ги исплатил. Паричните средства, кои со измама му биле земени на З.Ј., биле уплаќани на жиро сметката на фирмата „Еко Баланс“ како промет без за истото да поседуваат соодветна документација дека таков промет е извршен, односно средствата прикажани како дневен промет и повраток на материјални трошоци не претставуваат промет, туку се парични средства од оштетениот. На овој начин пријавените го оштетиле истиот за вкупен износ од 615.000 денари.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Г. (27) од с. Вољани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 30.12.2015 година пријавениот во згодна прилика неовластено ја одзел платежната картичка сопственост на И.К. и истата ја употребил во четири наврати при подигање на готовина од банкомат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 25.000 денари. Од причина што подигнал пари од банкомат на друга банка направил и дополнителна материјална штета од 1.005 денари причинувајќи вкупна материјална штета од 26.005 денари.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против С.И. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело поттикнување во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и Ж.Н. (34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Првопријавениот во згодна прилика противправно одзел кредитна картичка сопственост на Ц.И., а свесен дека може да биде снимен од камерите на банкоматите, на 01.08.2016 година го поттикнал второпријавениот да подигне парични средства од кредитната картичка при што истиот од банкомат подигнал 30.000 денари.
НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против Е.М. (36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.05.2016 година од страна на полицски службеници била извршена контрола на патничко возило управувано од И.М. од Скопје во кое пронајден е ранец сопственост на пријавениот во кој имало четири рачно изработени цигари со растителна материја од 4,11 грама наркотична дрога марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана.

ПС ОН Валандово поднесе кривична пријава против лицето К.С. (20) од Струмица, со живеалиште во с.Чалакли, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Пријавениот на 18.07.2016 година во 18.30 часот на локалниот пат с.Чалакли-с.Собри, управувајќи моторцикл „Јамаха“, без регистарски ознаки, удрил во две лица – пешаци. Пријавениот изгубил контрола над моторциклот и удрил во пешаците по што паднал заедно со петнаесетгодишниот сопатник. По незгодата двајцата станале и продолжиле со моторциклот. Во незгодата се телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, кои по укажаната помош во Здравствен дом Валандово биле префрлени во МЦ Струмица на понатамошно испитување.

НК КР Валандово поднесе кривична пријава против шеснаесетгодишно девојче од Кочани(со постојано живеалиште во Кавадарци) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавената на 14.10.2016 година во семејната куќа на А.Ф. (68) во с.Дедели одзела поголема количина на златен накит со што предизвикала материјална штета од околу 100.000 денари.

Слични содржини