Сообраќајки, кривични за нарко-земјоделци, фатени фалсифокатори…

од desk3

 

policija-11Завчера околу 11.00 часот во село Костурино, Струмичко, Т.Џ. (50) од се
ло Костурино,
управувајки трактор ИМТ 539 без регистарски ознаки, негова сопственост, кој бил натоварен со огревни дрва околу еден кубен метар, се превртел при што се здобил со повреди во пределот на левото рамо и градниот кош. По настанот Т.Џ. бил пренесен во медицински центар Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Вчера е пренесен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Вчера околу 17.30 часот на локалниот пат Кочани-одмаралиште „Пониква“, атар на село Лешки, Кочанско,  во неговото патничко моторно возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат Ј.П (63) од Кочани. Смрт е констатирана од  доктор на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.

Вчера во 07.25 часот во Куманово на крстосницата од ул.„Тоде Мендол“, ул. „Есперанто“ и ул.„Романовски пат“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К. (47) од Куманово и ПМВ „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (35) од Куманово. Во незгодата  ПМВ „Ауди“ излетало од коловозот и удрило во пешакот М.С. (66) од Куманово, кој стоел надвор од коловозот. Пешакот М.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Болница-Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Синоќа во 21.45 часот на локалниот пат во село Теарце, Тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од А. В. (31) од село Теарце, велосипед  управуван од Р.М. (20) од село Теарце и пешак М.Б. (29) од село Теарце.  Во незгодата пешакот  М.Б. се здобил со телесни повреди, а велосипедистот А.В. се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата биле пренесени во клинички центар Тетово каде им била укажана лекарска помош. По укажаната помош велосипестот А.В. како итен случај е пренесен во Ургнетен центар Скопје, додека пешакот М.Б. бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Ноќеска во 02.30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ полициски службеници извршиле контрола на товарно моторно возило „Волво“ и полуприколка „Монтенегро“ со албански национални ознаки, управувано од  А.Х. (42) од Република Албанија. При контролата било констатирано дека на полуприколката има механичко оштетување на ознаките од производителот, односно  дека се работи за фалсификување на типската налепница. Во 12.00 часот со потврда за привремено одземени предмети, возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. Против истиот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.П.(31) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот на 24 август 2016 година на ГП Табановце при пасошка контрола приложил фалсификувана патна исправа во која извршил механичка промена, односно бришење на една страна на која имал запишана забрана за влез во ЕУ.

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (41) и Д.А. (41), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23 август 2016 година од страна на полициски службеници извршена е опсервација на насад од канабис, при што на местото биле затекнати пријавените како го одгледуваат. Притоа биле пронајдени 63 стебла од растението канабис. Од преземени мерки било утврдено дека во текот на 2016 година првопријавениот неовластено набавил 63 растенија – расад од растителниот род канабис кој заедно со второпријавениот ги насадиле покрај Блидежка Река во атар на с. Ветуница, општина Ранковце, со цел истата да ја пуштат во промет.

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против В.С. (60) од Радовиш, сопственик и управител на ДТПТ „ТРАНС АВТО“ ДОО-Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против  правното лице  ДТПУТ „ТРАНС АВТО“ ДОО Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, чиј сопственик се В.С. и В.С. Првопријавениот, искористувајки ја службената положба, при регистрирање на возила од ДТПТ „Транс Авто“, уплатата за надомест за  државни патишта и за  административна такса ги извршувал преку електронско банкарство на АД Стопанска банка, при што при регистрација на возилата приложувал копии од уплатниците заверени со печат од правното лице и потпис на управителот со што ја потврдувал веродостојноста на уплатниците, а банкарските трансакции воопшто не биле реализирани. Потоа истите ги употребил како доказ во правниот сообракај со што  му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од 257.585,00 денари на штета на буџетот на Р. Македонија. Второпријавеното правно лице кривичното дело го сторил на тој начин што невистинитите исправи ги употребило во правниот сообраќај и се стекнало со горенаведената имотна корист.

Слични содржини