granica-bogorodica
Сообраќајот на граничниот премин Богородица од македонската страна на границата е нормализиран по завршување на блокадата од страна на такси превозниците која траеше од 10 до 12 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15 ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март, информираат од АМСМ./МИА

Слични содржини