Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози без застои и ограничувања.

Во поголем дел од републиката има слаби врнежи од дожд.

патт

На планинскиот превој Буково паѓа влажен снег со мали остатоци на коловоз кој во моментов не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка +5 Струга +4 Кочани +6
Страцин +6 Ресен / Делчево +6
Куманово    +6 Крушево          +5 Смојмирово /
Маџари     +6 Кичево          / Струмица /
Тетово +5 М.Брод +1 Велес +8
П.Шапка -1 Буково +1 Неготино +10
Гостивар +2 Ѓавато / Д.Капија +9
Стража +3 Плетвар          +3 Удово +7
Маврово +1 Пресека   +2 Гевгелија +8
Дебар +1 Железнец +6 Кула +8
Битола / Штип +4 Петровец +8
Прилеп / Сарамзалино  +8
Охрид +6 Павлешенци /

            За сите подетални информации посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk или на дежурен тел. 02/ 25 61 502.                               

Слични содржини