Инвеститорот милијардер Џорџ Сорос повика преку свој коментар-статија да биде направена сеопфатна реконструкција на Европската унија со цел нејзино спасување , иако истовременоа предупредува дека референдумот во Британија го прави “распадот на ЕУ практично неповратнен”.

Тој посочи дека последиците од одлуката за Брекзит најверојатно ќе и наштетат на самата Британија, пренесе Ројтерс.

soros
“Велика Британија на крајот може, а може и да не и биде подобро од другите земји, ако ја напушти ЕУ, но економијата и нејзиниот народ ќе настрадаат значително во краток до среден рок”, напиша Сорос во коментар- статијата.

Милијардерот натрупа огромни профити во 1992 година, каога се обложи против британската фунта, кога таа се распадна и требаше да биде отстранета од европскиот монетарен механизам.

Претходно во текот на неделата, пред референдумот, во статија во “Гардијан”, тој предупреди дека може да се случат слични на оние настани, и предвиде дека победата на Брекзит ќе ослабне курсот на фунтата со најмалку 15 проценти, а можеби и со над 20 проценти и ќе падне до под 1,15 долари.

Во петокот курсот на фунтата падна за околу 10 проценти, што беше 31-годишен минимум, но не падна под 1,32 долари. Не е познато дали Сорос е обложува против британската валута, забележуваат агенциите. Негов портпарол одби да коментира дали инвеститорот заработил пари од Брекзитот.

Стигна гревот!? Кога Германија прва ги призна Словенија и Хрватска

“Сега катастрофалнотот сценарио, од кој многумина стравуваа се оствари, и го направи распадот на ЕУ практично неповратен”, пишува Сорос во статија.

“Хаосот на финансиските пазари ширум светот најверојатно ќе продолжи, додека одат преговорите во рамките на сложениот процес на политичка и економска разделба со ЕУ”, додава тој.

Милијардерот рече дека последиците за реалната економија ќе бидат споредливи со финансиската криза од 2007-2008 година

Во својата статија Сорос пишува уште дека ЕУ стана дисфункционална и престанала да ги исполнува потребите и аспирациите на граѓаните. И покрај сето тоа повикува на поддршка за реконструкција на Унијата.

“По Брекзит сите ние кои веруваме во вредностите и принципите дека ЕУ е создадена за да им помага, треба да се обединиме за да ја спасиме, и да ја реконструираме целосно”, напиша тој.

“Убеден сум дека кога ќе се покажат ефектите од Брекзит во следните недели и месеци, се повеќе и повеќе луѓе ќе се приклучуваат кон нас”, додаде Сорос.

Слични содржини