Сорос: Трамп е почетник диктатор, Европа ризикува да падне под власта на Путин

од Vladimir Zorba

Според Сорос “Отворено општество” е во криза.

 

“Отворено општество доживува криза, а разновидните форми на затвореното општество – од фашистичките диктатури до мафијашките држави – напредува. Ова се случува затоа што избраните лидери не успеаја да ги задоволат оправдани очекувања и надежи на електоратот “.

По Брекзит и победата на Доналд Трамп 86-годишниот спекулант Џорџ Сорос, претседател на Фондацијата “Отворено општество” / највлијателната фондација, поддржувач на невладини организации и прогреситски заедници низ целиот свет /, а исто така мецена , кој во значајна мера ја финансирал предизборната кампања на Хилари Клинтон, на таков начин го привлече вниманието кон објективно забележаната  криза на “отвореното општество”, кое магнатот во текот на многу години се обидува да го поддржува со секакви средства и без двоумење / дури и плаќање на организации и демонстранти да излезат на улиците против новоизбраниот претседател Трамп /. Ова се вели во написот објавен во италијанското издание Gli Occhi Della Guerra што БГНЕС цитира по сајтот ИноСми – http://inosmi.ru/politic/20170109/238489358.html

Сорос дава волјата на чувствата: ЕУ отелотворува идејата за Слободно општество

Горчливотое расудување на “ајкулата” на финансискиот свет, кој стана во “филантроп” и “благотворител” на “либералниот” и прогресивниот свет беа објавени неодамна. “Многумина – забележуваат дека  Сорос одлучил дека токму елитите ја  украле демократијата. Глобализацијата имаше огромни политички и економски последици. Таа доведе до одредено економска согласност меѓу сиромашните и богатите земји; за жал, нееднаквоста и во двата случаи  ја заострија ситуацијата. Во индустрискиот свет корист почнаа да извлекуваат првенствено сопствениците на голем финансиски капитал, кои претставуваат помалку од 1% од населението.

ЕУ е олицетворение на идеалот за “отворено општество”.  Отсуството на редистрибутивна политика е главниот извор на фрустрација, кој беше користен од противниците на демократијата. Но и други фактори кои влијаат, особено во Европа. Од самиот почеток сум очаен приврзаник на ЕУ,  се смета дека ЕУ е олицетворение на отвореното општество, Унија на демократски држави, подготвени да жртвуваат дел од својот суверенитет во името на општото добро “, признава Сорос.

Политиката на штедење?

Таа одговара единствено на Германците и одговара на нивните интереси ” Сорос размислува и за кризата од 2008 година и не  се штеди со  критиката во однос на Германија и Ангела Меркел: “Се случи нешто катастрофално неправилно. По крахот во 2008 година доброволната унија заснована на еднаквост, стана однос меѓу кредитори и должници, во кој последните испитувања констарираат  тешкотии при исполнувањето на своите обврски; доверителите и  должниците кои требаше да се почитуваат. Ова веќе не беа односи засновани на еднаквост. Германија се држеше како европски хегемон, но не можеше да ги исполни обврските кои треба да одговараат на најсилните, односно да излезе надвор од рамките на своите интереси. Ако го споредиме однесувањето на САД по Втората светска војна / 1939-1945 / со активностите на Германија по кризата од 2008 г .: САД започнаа  Маршалов план , као  резултат на кој се појави ЕУ; Германија наметна програмата за штедење, која им  беше потребна само на Германците и одговараше на нивните интереси “.

“Доналд Трамп – почетник диктатор

Тука, според Сорос, се раѓа криза на постојниот систем на светска демократија: “Зголемувањето на популарноста на евроскептичните движења го попречува функционирањето на институциите. Овие исклучителни сили добија огромна моќ и импулс во 2016 година, првично благодарение на Брекзит, потоа по изборот на Трамп во САД и, конечно, на 4 декември, по одбивањето на италијанските избирачи на  уставни реформи. Демократијата се соочува денес криза. Дури САД, водечката демократија во светот, го избра за претседател мајсторот на лагата и почетник диктатор. Во неговиот кабинет влегуваат некомпетентни приврзаници на крајните ставови и пензионирани генерали “.

“Европа ризикува да биде под влијание на Путин” Што е следно? Според магнатот од САД , Доналд Трамп не можат да продолжи да ја “заговара и брани демократијата во светот”, а Европа ризикува “да се покаже под влијание на Владимир Путин”: “Напротив, Трамп ќе биде поблиску до диктаторите. Ова ќе им овозможи на некои од нив да постигнат договор со САД. Мене особено ме интересира судбината на ЕУ, која ризикува да биде под влијание на рускиот претседател Владимир Путин, чии сфаќања за власт се спротивни на концептот на отвореното општество.

Првично Путин се обиде да ја преземе контролата над социјалните мрежи. Потоа, водени од генијални решенија, тој користи бизнис моделот на социјалните мрежи за ширење на дезинформации.

Европа може да биде во власта на Путин, смета магнатот.

Така тој  му помогна на Трамп да победи на изборите. Веројатно истото ќе се случи и на европските избори во 2017 година во Холандија, Германија и Италија. Во Франција двајцата главни кандидати се блиски до Путин. Ако едниот од нив освои победа на изборите, доминантната положба на рускиот претседател ќе биде завршена работа “, забележува Сорос.

——————–

Роберто Вивалди “Gli Occhi Della Guerra”. Оригиналот на публикацијата: http://www.occhidellaguerra.it/ue-rischia-finire-putin/

Слични содржини