Состојба на патиштата: Сообраќајот  се одвива по наместа влажни коловози

од Vladimir Zorba

 – Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појавана одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид ( Пресека – Песочани ) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Според информација од Виадукт трејд од 27.07.2017, поради поставување канделабри на делницата Хиподром – Кадино, левата сообраќајна лента е затворена во времетраење од 3 (три) месеци.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт известува дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од 4 (четири) месеци на државен пат А2, правец Гостивар – Кичево при санација на горен и долен строј на мост МАЛИ ДОЛ, КМ101+606, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема.

.

Виадукт Трејд известува, дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од 3 (три) месеци на државниот пат А2, патен правец Гостивар – Кичево, поради санација на горен и долен строј на мост ВИСЈАК ДО км109+878, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема

Виадукт Трејд на 17.07.2017 започна со изведување на градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин “Богородица” до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК дооел – Скопје известува дека ќе ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државниот пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.

Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември

Според известување на Виадукт Трејд од 11.05.2017, градежни активности – електрично осветлување се изведува околу 6 месеци на клучка Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип. Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми, по новоизградената коловозна лента.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека од 27.02.2017 година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, Делница Гостивар – Кичево, по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м),  согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН (Од 1 април 2017 година)

Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 -18:00 часот
Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 -20:00 часот

Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: [email protected].

ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Тел. (02)15-555

Слични содржини