Дали некогаш ви се случило да најдете козметички производод соништата? Токму оној кој одговара на сите ваши барања, не е на висока цена и е лесно да се најде.b0c21ceb68b18b90f5a6dcc78b258d42

Истиот, кој по првата употреба ти остава црвенило, иритирана кожа и дури и лушпи.

Ова се должи на основните состојки во формулата, кои можат лесно да бидат присоединети кон групата на ризичните за алергиски фактори. За жал, има и такви.

Затоа, следниот пат, кога ќе одлучите да пробате нов производ, проверете добро за постоењето на било која од овие состојки.

Особено ако сте со чувствителна кожа.

1. Ретинол

Ретинолот е познат како магична состојка со дејство против стареењето на кожата.Главната акција е во намалувањето на штетите од прекумерното изложување на сонце и стимулирање на производството на колаген. Голем недостаток е можната реакција со кожата како сушење и иритации.

2. Гликолска киселина

Лесната пенетрација во кожата на гликолската киселина ја прави многу распространета во козметичката индустрија. Оваа предност, сепак може да се претвори во недостаток, ако сте чувствителни на киселината.

3. Сулфати

Кога се зборува за сулфати, најчесто се има предвид состојката натриум лаурил сулфат, која се наоѓа во голем дел од козметиката за хигиена и шампоните. Реакцијата, која може да ја предизвика е црвенило, сувост и дури и егземи кај кожа склона кон акни.

4. Салицилна киселина

Салицилната киселина е главната активна состојка во аспиринот. Помеѓу 3% и 5% од населението е исклучително чувствително на аспирин и може дури и да не знае за овој факт.Салицилната киселина е најчесто користена состојка за лекување на акни, што ја прави и значително агресивна кон кожата. Токму нејзината содржина може да е виновник за непријатностите предизвикани по употребата на даден козметички производ.

5. Алуминиум

Алуминиумот се среќава исклучително често во формулите на различни производи антиперспиранти како дезодоранси и антиперспиранти. Сеприсутноста се должи на значителното намалување на лачењето на пот од жлездите. Состојката може да предизвика црвенило, чешање и дури оток. Другата алтернатива на содржината на алуминиум е магнезиумово масло како превенција на потењето.

Слични содржини