Социјалното пресуди: Бред Пит е невин, не покажал суровост кон децата

од Vladimir Zorba

Агенцијата за семејни дела и заштита на децата во американскиот град Лос Анџелес, Калифорнија, стигнала до заклучок дека холивудскиот актер Бред Пит не дозволил суров третман во спорот со својот посвоен син Медокс на авионот во септември оваа година. 5155155Ова го соопшти сајтот за вести од шоубизнисот Ти Ем Зи. Социјалните работници разговарале за овој случај со самиот Пит, неговата сопруга Анџелина Џоли, нивните деца, како и со сведоци на конфликтната ситуација.

Анџелина Џоли тврдеше дека Пит понекогаш пројавувал суровост кон децата, што настанало во случајот со спорот со Медокс, кога му се нафрлил. Ти Ем Зи забележува дека таков заклучок на социјалните работници го става во подобра позиција Пит во однос на неговата желба за еднакво старателство над децата.

Пит нема засега еднакви права со бившата сопруга и има право само да ги посетува своите деца, но не и да живее со нив. Судовите во Калифорнија обично при развод даваат еднакви права на родителите во однос на децата. Сопружниците од ѕвездената двојка поминаа заедно 10 години, но се венчаа официјално на 23 август 2014. 52-годишниот Пит и 41-годишната Џоли имаат шест деца на возраст од 8 до 15 години, од кои три се посвоени.

Слични содржини