Советничката Конвеј : Трамп се откажа да и суди на Хилари Клинтон

од Vladimir Zorba

zx450y250_2869166

Доналд Трамп, кој за време на претседателската кампања постојано го користеше лајт мотивот, односно се закануваше дека ако стане претседател, ќе и суди Хилари Клинтон за користење на приватен сервер за електронска пошта, како и за активностите на семејната нејзината фондација, се откажа од истрагата.

Ова информација ја соопшти телевизискиот канал MSNBC во репортажа, кој не беше оспорена од Кели Конвеј, една од најблиските совници на новоизбраниот претседател..

Скандираната максима Lock her up! (ставете ја зад решетки) беше неизбежен дел од митинзите на Трамп. За многумина негови симпатизери таа беше олицетворение на “корумпираниот Вашингтон” и статус кво што милијардерот им го ветуваше дека ќе го разбие, вклучувајќи и назначување на специјален обвинител за Клинтон.

“Хилари Клинтон се уште треба да сфати дека мнозинството Американци не ја сметаат за чесен човек, на кого да му верувате, но ако Доналд Трамп може да и помогне да се излечи (од загубата), најверојатно тоа е добра работа”, рече Конвеј во преносот на Morning Joe.

Конгресот во Вашингтон може да одржи сопствена истрага без да го вовлекува претседателот Трамп. Џејсон Чафец, републиканскиот раководител на влијателната Комисија за надзор и реформа на управувањето, ветува дека ќе продолжи со истрага за тоа како Клинтон ја користела приватна пошта, додека била државен секретар на САД.

“Кога избраниот претседател, кој во моментов ја води и партијата, вели дури и пред инаугурацијата дека не сака такво гонење, тој испраќа многу силен сигнал – како тон и како содржина – кон членовите”, објасни Конвеј за MSNBC.

“Во моментов тој мисли за многу различни работи, додека се подготвува да стане претседател на САД, и работи на задачи зацртанби од предизборна кампања, но има и оние кое не се меѓу нив”, додаде таа.

Слични содржини