Советот на јавни обвинители на Македонија на денешната седница треба да ги потврди одлуките на специјалната обвинителка Катица Јанева за нејзиниот тим, но и за нејзиниот финансиски и работен план.јанева

Таа пред десетина дена достави список со 14 обвинители од постојните обвинителства кои треба да и помагаат при гонењето на сторителите на кривични дела кои се поврзани со прислушуваните разговори што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, односно таканаречените „бомби“.
На седницата ќе има само две точки – разгледување на општиот работен, персонален и финансов план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и избор на јавни обвинители предложени во листата на кандидати за јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Според законот за Специјалното обвинителство, следниот понеделник (19 октомври) е последниот рок до кога Владата „е обрзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното обвинителство“ во согласност со општиот работен, персонален и финансов план поднесен до Владата и до Советот на јавни обвинители.
До понеделник и Министерството за правда треба да обезбеди „комплетни просторни услови“ за работа на Специјалното обвинителство.
Инаку, викендов дел од медиумите го објавија работниот план на Катица Јанева, според кој таа бара повеќе од еден милион евра за Специјалното обвинителство за до крајот на оваа година. Провладините медиуми и новинарските труби сериознзо тргнаа против спецјаната обвинителка додека меѓународната заедница 9САДи ЕУ) се огласија со соопштение и побара спроведување на барањата и договореното.

Слични содржини