Американски научници од Универзитетот Колумбија развија камера која се самополни и може да снима вечно, пренесе “Дејли мејл”.images

Камерата може да прави по една слика на секоја секунда до бесконечност, ако се стави во добро осветлена просторија. Уредот користи фотоволтаична технологија и се самополни, а за целта потребно е амбиентално светло. Камерата може да се користи и за напојување на мобилни уреди како таблети и паметни телефони.

Во развојот на тимот на проф. Шри Најар сигурно ќе уживаат љубителите на селфиња кои ќе добијат вечен апарат. Камерата може да снима фотографии и видео клипови. Таа нема потреба од надворешен извор на енергија. Нејзиниот сензор од една страна ги снима фотографиите, а од друга – генерира електрична енергија, и секако трансформира амбиентално светло.

Љ.Ј.

Слични содржини