Создадоа робот кој пегла со пегла

од desk3

Пеглање на облека е една од најпознатите досадни делови од домашните обврски. Научниците од Универзитетот “Карлос III-ти” во Мадрид создадоа робот кој може да пегла, ќе им се допадна на многумина. Излегува сепак дека пеглањето е предизвик дури и за роботика пишува изданието CNET.

Роботот се вика TEO и користи специјално создаден алгоритам. Со него роботот има “чувство” за три димензии и може да ја оценува силата на притисокот и брзината на влечењето на пеглата по облеката. Има и камера која ја гледа облеката.

На овој начин TEO може не само да ја испегла облеката, туку  и да ги испегла рабовите на панталоните.  За човекот останува единствено да ја стави облеката на даската за пеглање. Еден од недостатоците на TEO е дека во моментов е доста бавен, но со развојот на технологијата и алгоритмот, ќе може да пегла и побрзо.

Слични содржини