СП 2017: Франција, Шпанија и Словенија четвртфиналисти

од Vladimir Zorba

Домаќинот на ракометниот Мундијал Франција во спектаклот на адаптираниот стадион во Лил пред околу 28.000 гледачи го победи Исланд со 31:25 и се пласира во четвртфиналето.

Место мешу осумте најдобри синоќа обезбедија и Словенија по триумфот над Русија со 32:26, како и Шпанија која се намачи со Бразил победувајќи со 28:27.

Претходно Норвешка ја елиминираше Македонија (34:24) и се пласираше во следната фаза.

Денеска во преостанатите осминафинални дуели се среќаваат:

Белорусија – Шведска,
Унгарија – Данска,
Германија – Катар и
Хрватска – Египет./миа

Слични содржини