Спарс и Репторс ги надминаа своите ривали во првиот круг од плеј-офот

од Vladimir Zorba

Тимот на Сан Антонио Спарс се наметна над Мемфис Гризлис со 103: 96 како гостин и победи со 4-2 во серијата од првиот плеј круг во Западната конференција на НБА.

Во третата четвртина Мемфис имаше предност од 10 поени, но Спарс го обратија развојот. Кауаи Леонард реализираше 29 поени, Тони Паркер – 27, а Ламаркус Олдридж заврши со дабл-дабл – 17 поени и 12 скока. Во полуфиналето Сан Антонио ќе играат со Хјустон Рокетс.

Торонто пак победи со истиот резултат 4-2 серијата против Милвоки во Источната конференција. Канадскиот тим беше гостин во натпревар №6 и го победи противникот со 92:89.

Милвоки заостануваше со 25 поени во средината на третата четвртина и единствено успеа да ја намали драстично предноста на гостите. Јанис Адетокумбо од тимот на “елените” стана најпрецизен на средбата со 34 поени, а Демар Дероузен постигна 32 за Торонто. Во следната фаза Репторс ќе им се спортистават на важечкиот шампион Кливленд Кавалирс.

Слични содржини