Спасен пациент со изгореници на 95 отсто од телото, пресадена кожа од близнак

од desk2

Пациент во Франција кој се здобил со изгореници на работното место на 95 отсто од кожата преживеал благодарение на пресадената кожа од неговиот брат близнак.

„Прв пат е направена трансплантација на кожа меѓу еднојајчани близнаци на 95 отсто од површината на телото“, вели за Франс прес хирургот Мрис Мимин од болницата „Сент Луј“ во Париз.

И порано се направени трансплантации меѓу близнаци, но на помала површина, до 68 отсто. Кога ќе изгори целата кожа, шансите за преживување се никакви.

Според хирургот, кожата која се пресадува од едниот на другиот близнак, не може да биде отфрлена, затоа што организмот на еднојајчаните близнаци е речиси генетички еднаков, па не е потребан терапија против отфрлање на пресадениот орган.

Пациентот Френк (33) примен е во болница во септември 2016 година, со тешки изгореници на кожата кои зафаќале 95 отсто од површината. Лекарите немале добри прогнози за него, но медицинскиот персонал случајно открил дека тој има еднојајчан близнак.

Првата трансплнатација е направена седум дена по приемот на болниот во болница.

Браќата неколкупати се оперирани во исто време, за кожата од едниот веднаш да биде пренесена на другиот. Направени се неколку операции за во меѓувреме кожата кај здравиот да може да се регенерира и да биде подготвена за наредната операција.

Лекарите земале кожа од главата, внатрешниот дел на бутовите и грбот, каде најбрзо се обновува, за седум до десет дена. Потоа кожата е растегнувана со посебна техника, пред да биде пренесена на телото на пациентот.

Братот со здрава кожа нема да има лузни, само малку поинаков пигмент. Изјави дека е среќен што може да помогне. Додека пак изгорениот добро заздравува и веќе е пратен на домашно лекување.

Слични содржини