Спасов со кривични пријави за група со албанска националност, која наводно го бркала и нападнала

од Vladimir Zorba

Дополителниот заменик министер за труд и социјална работа, Диме Спасов, по давањето исказ во полициската станица Карпош, поднел и кривична пријава против неколку лица од албанска етничка припадност од населба Серава.

dime-spasov-intervju-3

Спасов кој во полицијата се појави по цело деноноќие во полиција тврдел дека ноќта кон саботата, лицата го бркале и го нападнале и затоа тој бегал.

Ова по целодневно молчење беше и веста, која ја напишаа дел од медиумите блиски до власта.

Според полицискиот извештај, Спасов направи два сообраќајни инциденти и побегнал од полицијата кога бил сопрен, а неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Потоа, на местото на инцидентот на улицата „Алжирска“ се појавило трето лице кое тврдело дека тоа го управувало џипот „туарег“. Според сознанијата на медиумите, лицето коешто се пријавило како сторител на несреќата, е личниот возач на министерот Спасов, вработен Минисерството за труд и социјална политика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, освен што бегаше од полицијата, синоќа , ги избегна новинарските прашања по дадениот исказ во полициската станица во Карпош.

Возило со затемнети стакла влегло во дворот на полициската станица во Карпош што му овозможи на Спасов да ги избегне новинарските екипи кои чекаа државниот функционер да одговори на прашањата кои се важни поради неговата висока јавна позиција./а1он

Слични содржини