Спасовски: Македонија е подготвена за справување со бегалска криза

од desk2

Македонија нема да гради нови центри за бегалци. Имаме два, овој во Гевгелија и во Табановце за кои сметаме дека се доволни.Тие служеа за прифаќање и транзитирање на мигрантите во екот на бегалската криза до земјите на ЕУ и таа своја намена ќе ја имаат доколку повторно дојде до интензивирање на бегалската криза, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со амбасадорот на Словачка, Мартин Безак денеска го посетија прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, по повод осмата ротација на полицискиот контингент од Словачка.

– Како земја сме доволно подготвени за справување со бегалската криза. Ја следиме состојбата во тој правец и ќе постапуваме исто како до сега што од страна на земјите од „Балканската рута“ и меѓународната заедница е оценето како многу добро во секој поглед, нагласи Спасовски. Амбасадорот на Словачка, Мартин Безак потенцираше дека во интерес на неговата земја е оваа рута да остане затворена и дека ќе сторат се да биде така.

– Во осумте ротации до сега на помош испративме 190 полицајци кои им помагаат на своите колеги од Македонија во наблудување и обезбедување на границата.До крајот на годината ќе ипратиме уште неколку десетици полицајци. Словачка ќе продолжи да и помага на Македонија, а соодветно на свој начин тоа треба да го прават и останатите земји од Балканската рута и ЕУ, рече Безак. Како пример ја посочи 2015 година кога во екот на бегалската криза Словачка беше единствената земја којашто во Македонија испрати осум вагони за транспорт на бегалците.

Слични содржини