Актуелно
Почетна / Актуелно / Спасовски: „Насилството во парламентот е дело на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и МВР!

Спасовски: „Насилството во парламентот е дело на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и МВР!

Македонија треба да биде отворена за соработка со ЕУ и САД за да се подобри состојбата во земјава, и во тој контекст има силна поддршка од меѓународниот фактор кој помогна да се реши кризата во земјава, оцени денеска пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во денешната дебата со Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистината“ на Канал 5.

 

 

Тодоров оцени дека треба да се соработува со меѓународната заедница, но таа не смее да ги контролира внатрешните процеси. Тој  обвини пак  дека меѓународниот фактор е дел од цикличните кризи кои се случуваат и затоа Македонија тапка во место.

На овие тези Спасовски реплицираше дека откако  е на власт ВМРО-ДПМНЕ се случија два крвави инциденти, првиот кога пратениците и новинарите беа исфрлени од Собранието и полседниот со насилниот упад во Собранието, тепањето пратеници со еден наслов познатиот  „Крвав четврток“.

– Во ниту еден момент такво нешто никогаш не смее да се повтори. Ние се сомневаме дека тоа беше организирано од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и од МВР, помош имаа од дел од пратениците и имаше умисла за ликвидација на некои пратеници. Имаше човечки однос од Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров кои ни помагаа. Тоа е за чест. Но, ваков влез во Собранието е обид за рушење на уставниот поредок на Македонија  и сторителите мора да бидат казнети- нагласи Спасовски.

Тодоров изјави дека настанот воопшто не бил организиран од неговата партија.

За идејата на Иванов за амнестија на тие што тепаа пратеници е за размислување, но тоа, рече тој што се случи тој кобен ден не треба да никогаш да се повтори, нагласи Тодоров.