Спасовски: Oбвинетите не можат да ја напуштат државата

од desk2

Oбвинетите не можат да ја напуштат државата, ниту со лична карта, ниту со дипломатски пасош, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Постојат лични податоци на граѓаните кои се декларирани во системот на МВР и со тоа нема опасност од бегање“, вели Спасовски, пренесе ТВ24.

Министерот ова го појасни откако во јавноста беа пласирани информации за тоа кој се од обвинетите во случаите што ги покрена Специјалното јавно обвинителство има дипломатски пасош, со кој евентуално би можеле да ја напуштат државата иако судот им го одзел регуларниот пасош.

Слични содржини