Специјалното обвинителство испратило писмено барање до Јавното обвинителство да му бидат доставени статистички податоци за предметите произлезени од прислушувани разговори, односно колку предмети има и во кои обвинителства се тие.јанева

Јанева  ги  побара статистичките податоци за сите предмети поврзани со незаконското прислушување кои се оформени во Јавното обвинителство на Република Македонија. Откако ќе добијат одговор, Катица Јанева ќе ги бара предметите поврзани со опозициските „бомби“, еден по еден.

Барањето за статистички податоци доаѓа откако Јанева најави дека специјалното обвинителиство почнува со активна работа неделава. Според Законот, од Јавното обвинителство мора да и одговорат во рок од 8 дена. Теоретски, тоа значи дека е можно уште на крајот на следната недела, Катица Јанева да го побара првиот предмет од Марко Зврлевски, кој е поврзан со опозициските бомби.Откако ќе ги добие тие информации, Специјалниот обвинител ќе испрати барања до обвинителствата да му ги пратат предметите и ќе ги преземе во своја надлежност и истрага. Обвинителката Катица Jанева минатата недела изјави дека ќе има голем број нови предмети кои ќе произлезат од таканаречените бомби и оти има наплив од пријави до неа за направен државен криминал.

 

Слични содржини