По изборот на јавните обвинители во тимот, веднаш се започна со спроведување на обуки, а имајќи ја предвид природата на предметите со кои се соочува ова Јавно обвинителство. Обуките се спроведуваа во периодот од 09.11.2015 година до 20.11.2015 година, се вели во соопштението на специјалната јавна обвинителка Катица Јаневајанева

Воедно, во сорабока со Министерството за правда изготвивме Предлог Закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар. Предлог Законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство. Предлог Законот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. Очекуваме Предлог Законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација.суд

Во исто време додека траеше процесот на обуки, донесовме оперативен план за делување на ова Јавно обвинителство,при што пристапивме кон изготвување на сите административни акти неопходни за непречена работа. Организиравме и активности поврзани со средување на просторот каде обвинителството ќе биде сместено. Со оглед дека активностите околу средување на просторот бараат одреден временски период, а имајќи ја предвид итноста од наше предметно постапување,закупивме простор во кој привремено ќе бидеме сместени. Сепак, официјалните постории на ова Јавно обвинителство остануваат во Министерството за правда и во оваа насока Ве известуваме дека седиштето на Министерството за правда (ул.Димитрие Чуповски бр.9, Скопје) е адреса за кореспонденција со ова Јавно обвинителство, додека електронска пошта на обвинителството е:[email protected].

Во овој контекст со цел доследното почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, оформена е и фејсбукстраница, каде редовно ќебидат објавувани нашите соопштенија и ставови околу одреден иактуелни прашања.

Линкдофејсбукстраницата: https://www.facebook.com/Специјално-јавно-обвинителство-650104671759753/timeline?ref=page_internal

Што се однесува до нашето барање упатено до Јавното обвинителство  наРепублика Македонија, потврдуваме дека од нивна страна доставени  се одговори о во овој   момент ги анализираме доставените податоци со цел  да утврдуваме кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе.З а сите детали околу преземањето на предметите дополнително ќе бидете известени на 26.11.2015 година(четврток), се вели во соопштението од специјалното обвинителство.

Слични содржини