Специјална придружба за Заев во Бугарија, Борисов му укажа највисока чест на македонскиот премиер

од desk2

За време на посетата на премиерот Зоран Заев, на барање на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, активирана била моторна, церемонијална придружба, што се практикува при посети на шефови на држави.

До сега, Владата на Борисов ваквата придружба ја има употребено само за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Според меѓународната пракса, тоа значи укажување на највисока чест на премиерот Заев и владината делегација којашто два дена е во официјална посета на Бугарија./а1он

Слични содржини